ЗА НАС
Енекс гроуп инженеринг нуди високо квалитетни, еколошки, енергетски ефикасни системски решенија и производи за греење и ладење со топлински пумпи, загревање на топла вода со сончеви колектори, сончеви колектори за производство на струја, инвертери и технологии за третман на вода.
Компанијата е официјален и ексклузивен застапник на територијата на Македонија на австриските компании IDM Energiesysteme GmbH за топлински пумпи и Sonnenkraft за соларни системи, како и официјален дистрибутер на BWT - Германија за третман на вода.
Во портфолиото на Енекс се и врвните продукти на Кomfovent, Galletti, Actionclima, Cintropur, KACO new energy.
НАШАТА МИСИЈА
-
Обезбедуваме врвен комфор во живеењето со енергетски ефикасни системи за греење и ладење со користење на обновливи извори на енергија.
-
Обезбедуваме здрава животна средина – совршен квалитет на вода и воздух, секаде!
-
Соработуваме со задоволни клиенти, партнери, вработени!
НАШАТА ВИЗИЈА
Ние сме регионален лидер во проектирање, имплементирање и одржување на енергетски ефикасни системски решенија за греење и ладење со обновливи извори на енергија и третман на вода.
Вредности на Енекс Гроуп Инженеринг:
Извонредност
Се стремиме кон совршенство во секој дел од нашето работење за да обезбедиме врвен комфор во живеењето, најдобра услуга и супериорни производи за нашите клиенти.
Иновативност
Посветено учиме и ги следиме најновите достигнувања во технологијата за да им ги донесеме најиновативните решенија на нашите клиенти и да создадеме врвни експерти од нашите вработени.
Одговорност
Грижата за околината е наш врвен приоритет – користиме обновливи извори на енергија, ја чуваме од загадување планетата Земја, се грижиме за здравјето на луѓето, максимално рационално ја користиме енергијата и природните ресурси.
Интегритет
Чесниот и фер однос е наша премиса во работењето со клиентите, партнерите, вработените, брендовите кои ги застапуваме, заедницата. Секој од нас ја презема одговорноста за да ги заврши работите со врвен квалитет, чесно, транспарентно и во точно предвиден рок. За нас секој клиент е поеднакво важен и добива врвен квалитет гарантиран од Енекс.
ЗА
BWT - Best Water Technology Group е европски лидер во технологиите за третман на вода повеќе од 30 години.
Корените на компанијата потекнуваат од Германија, а денес седиштето на BWT e во Австрија. Групацијата вработува над 5.000 вработени и работи со илјадници партнери во над 80 земји во светот.
И самото име кажува – мисијата на BWT е да ги развива најдобрите производи и услуги за третман на вода насекаде. Водата е мисијата на BWT. BWT обезбедува хигиенски, безбеден и здрав секојдневен контакт со водата на луѓето низ светот. Аспирациите на BWT се да им обезбеди на корисниците најквалитетни системи, технологии и услуги за третман на вода, истовремено заштитувајќи ги природните ресурси на нашата сина планета.
Гаранцијата за квалитетот на производите и услугите на BWT се потврдува со постојана ревизија и сертификација од страна на независни акредитирани институции. Сите локации каде што се произведуваат BWT производите имаат воведено и унапредуваат системи за менаџмент за да се обезбеди врвен квалитет на производите. Управувањето со квалитет е според ISO 9001 стандардите со цел да се обезбеди врвен квалитет на производите, а со тоа и задоволство на корисниците. А системите за заштита на природната средина и управување со енергија според ISO 14001 и ISO 50001 стандардите, како и ISO 45001 стандардот за безбедност и здравје при работа во целост го поддржуваат концептот за одржливост преку сите активности на BWT.
Затоа решенијата за вода на BWT обезбедуваат вода со највисок квалитет, токму на местата каде што е потребно.
Copyright BWT 2020
Прочитајте повеќе за BWT на BWT.COM
Copyright BWT 2020
BWT - FOR YOU AND PLANET BLUE.
Водата е еликсир на животот, но истовремено е и ограничен ресурс и не е секогаш и насекаде достапна со ниво на квалитет потребно за консумирање. Затоа продуктите на BWT се развиени, дизајнирани и произведени да можат да ја третираат постојната вода на самото место и да ја донесат до потребниот квалитет. Секојдневно BWT истражува, развива и имплементира иновативни решенија кои ја конвертираат солената, површинската и подземната вода во вода за пиење, преработена вода или пречистена вода.
Истовремено продуктите и услугите на BWT како и одржливото работење се насочени и кон зачувување на природните ресурси.
Најдобрата светска експертиза, вложувањата во иновации и технологии, создаваат продукти со врвен квалитет кој обезбедува оптимален квалитет на вода за сите области и во различни опкружувања, при тоа обезбедувајќи највисоко ниво на безбедност, хигиена и квалитет на водата како еликсир на животот.
ИНОВАЦИИ
Технолошката предност може да се добие само со иновативно размислување и дејствување. Ова е причината зошто BWT постојано истражува во сите области на третман на вода во центрите за иновации на BWT, за да ги подобри процесите за филтрирање, медиуми за филтрација, системи за јонска размена за деминерализирање, омекнување, декарбонизација, мембрански технологии (микро, нано и ултра филтрација, како и реверзна осмоза), генератори на чиста пареа, чисти дестилатори на вода, ултравиолетови (УВ) системи, озонски генератори, мембрани за јонска размена, електролиза, електродијализа, електродеонизација, генератори на хлор диоксид и мерни пумпи.
Со децении BWT ја следи својата мисија да го подобри квалитетот на животот на луѓето каде и да се со нови прилагодени решенија за третман на вода што испорачуваат вода со највисок квалитет, постојано поставувајќи нови стандарди во технологијата на вода. Во согласност со филозофијата „Почувствувајте вкус - видете ја разликата“, BWT им нуди на нашите клиенти производи со вистински иновации, како што се вода за пиење за дополнително уживање и фактор на виталност, мека - бисер вода како еликсир за убавина или вода во нејзината најчиста форма како основна компонента на примена во најсовремените технологии на производство од различни гранки.
BWT нуди иновативни производи во секторот за третман на вода и вода во кои главен фокус е потребата на човекот, но и внимателното управување со скапоцениот ресурс, водата. Но, и повеќе од само вода. Без оглед на тоа дали се користи за пиење, за базени или како најчиста состојка во лекови, инфузии или козметика, BWT обезбедува вода со најдобар можен квалитет во дадените услови.
Copyright BWT 2020
Copyright BWT 2020
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Се проценува дека во светот се произведуваат околу еден милион пластични шишиња секоја минута, кои потоа се транспортираат, со што освен што генерираат отпад кој тешко се разградува, генерира и непотребни емисии на јагленороден диоксид.
Пластиката ги загадува морињата и реките, претставува опасност по живиот свет, но и по здравјето на човекот со оглед на тоа што се зголемува присуството на ситна таканаречена микропластика во воздухот, почвата, храната и водата.
Во Македонија според последните податоци од 2019 година годишно се собираат околу 21.000 тони пластика од пакување од која најголем дел е од вода за пиење.
Затоа користењето на вода од чешма е најсигурна опција кон нула отпад и заштита на природата.
Иако водата од градските водоводи во Македонија генерално е здрава и бактериолошки исправна за пиење, често граѓаните заради сигурност и подобар вкус купуваат вода од шише.
Системите за филтрација на вода овозможуваат чиста и сигурна вода за пиење од чешмата во вашиот дом. Бројните можности што ги нудат системите на BWT за прочистување, отстранување на мирис, минерализација, сосема ја елиминираат потребата од купување на вода во шише. Доколку си полните вода и ја носите со себе, каде и да одите, дополнително давате свој придонес во заштитата на животната средина.
Се повеќе расте свесноста за потребата од намалување на отпадот, а системите за филтрација на вода ви овозможуваат да пиете здрава и квалитетна вода директно од чешмата во вашиот дом или да го подготвите најдоброто кафе и чај. Користењето на системи за филтрација на вода кои го елиминираат бигорот и цврстите честички дополнително штедат средства за отстранување на бигор, се штеди енергија при загревање на бојлер и директно влијаат врз намалување на емисијата на CO2.
ЕКСПЕРТИЗА
Најдобрата светска експертиза на BTW, вложувањата во иновации и технологии, создаваат продукти со врвен квалитет кој обезбедува оптимален квалитет на вода за сите области и во различни опкружувања, при тоа обезбедувајќи највисоко ниво на безбедност, хигиена и здравје на водата како еликсир на животот.
Искусниот тим на инженери на Енекс гроуп инженеринг нуди високо квалитетни услуги за советување, проектирање, изведба, монтажа и сервис на врвни технологии за прочистување и филтрација на вода. Енекс гроуп инженеринг обезбедува и техничка поддршка и обуки за нашите клиенти и соработници.
КОНТАКТ
За совети, информации и нарачки за решение за прочистување и филтрација на вода според вашите потреби побарајте нѐ на:
За сите новости, промоции и придобивки околу користењето на филтрирана вода во вашиот дом следете нѐ на социјалните мрежи: