top of page

5 совети за да имате забавна и незаборавна скара!

За загарантирана забава пред, за време и по скарата, со поддршка на BWT составивме пет совети кои ќе ви помогнат да ја направите вашата следна забава со скара супер забавна и опуштена.



Совет 1: Добро подмачкајте ја решетката на скарата

Без разлика дали ја подготвувате вашата храна на традиционална скара на јаглен или модерна скара на гас, важно е да проверите пред забавата дали имате доволно ќумур или плин, како и соодветна запалка за да ја потпалите скарата.

Користете масло кое е стабилно на топлина, на пример масло од репка или сончоглед, и премачкајте ја решетката пред да почнете со печење за да може печената храна да се извади од решетката без речиси никакви остатоци. Едноставно ставете малку масло на парче кујнска хартија и потоа премачкајте ги решетките. Истото направете го и со сосот од маринадата на месото и внимавајте да не капе маринадата во жарот, бидејќи може да формира канцерогени материи, наречени Полициклични ароматични јаглеводороди (PAHs) кои настануваат со согорување на материјали на база на јаглерод.


Совет 2: Подготовката на храна однапред е задолжителна и ќе ви помогне да ја контролирате потрошувачката на калории!

Како што знаете, подготвувањето храна за забава пред да пристигнат гостите може да биде стресно! Погрижете се целата ваша храна да е подготвена за скара за да можете да уживате во релаксирачка атмосфера! Понудете им мала закуска или салата на вашите гости додека чекаат и не заборавајте да ги поставите садовите и приборот за јадење.


Овие совети можат да ви помогнат да уживате во сезоната на скара за да не морате да се грижите за вишокот килограми:


· Заменете ги засладените сосови и маринади со зачини за да внесете помалку калории.

· Секогаш е подобро да направите сами сосови, тие се релативно едноставни за правење и имате контрола што ставате во нив.

· Предлог за прилог, предјадење или десерт: лесен хумус со стапчиња од зеленчук, пуканки, малку бобинки или друго свежо овошје.

· Скарата не мора да биде само од месо! Тиквичките, модриот патлиџан, кромидот, слаткиот компир и печурките стануваат вкусни кога се готват на скара.

· Создадете рецепти за ароматизирана вода за деца и возрасни, имаме неколку летни идеи за рецепти со ароматизирана вода: во филтрирана вода со BWT решенијата додадете лимон и нане, парчиња ѓумбир и портокал, шумско овошје и лаванда или краставица, магдонос и лимон.


Не заборавајте да го извадите вашиот бокал со филтер за минерализирана вода со магнезиум, за да може секој да ужива во вкусна вода!


Совет 3: Поканете ги гостите да донесат нешто со себе!

Овој совет е особено корисен ако имате голем собир во вашата градина или двор. Побарајте од пријателите да донесат нешто – салата, гарнир, слатко... На тој начин ќе можете да се опуштите без да мислите на некои работи, а истовремено ќе можете да вкусите разновидна вкусна храна и тоа е одличен начин за размена на рецепти со вашите пријатели.


Совет 4: Алтернативи за користење алуминиумска фолија

Многу е популарно да завиткате зеленчук или сирење во алуминиумска фолија и да ги готвите на скара или да ги завиткате остатоците во алуминиумска фолија за да останат свежи до следниот ден. Но, ако немате малку фолија, имаме одличен совет за вас!

Современите мајстори за скара се потпираат на еколошки алтернативи, на пример, можете да ги користите листовите од пченка на кочан, листови од лоза или зелка. Едноставно завиткајте ја печената храна со листовите и врзете по потреба, а потоа подмачкајте ја надворешноста и ставете ја на скара. Изгледа одлично и функционира одлично!


Совет 5: Поставете неколку игри за сите да уживаат

Како што тргнуваме кон летото, скарата не е забавна без неколку игри кои ќе ги забавуваат децата, но и вашите пријатели и семејството – твистер, пикадо, бадминтон, или ако сте талентирани организирајте караоке, но во овој случај соседите треба да бидат предупредени 😊


И најважно: подготовката на забава со скара не треба да биде измачување, туку забава и време за релаксиран ручек во природа. Затоа не грижете се ако не е сѐ совршено, отпуштете се и уживајте!





16 views0 comments

Comments


bottom of page