top of page

ТРИСТЕПЕНА ФИЛТРАЦИЈА НА ВОДА – вода со беспрекорен вкус и мирис од вашата чешма со 25% попуст


Дали пиете вода од пластични шишиња за еднократна употреба? Време е да го смените тоа!


Одберете BWT - целосно флексибилен и модуларен систем за третман и филтрација на вода. Можете да ги комбинирате кертриџите WODA-PURE за да го добиете вашиот приспособен „линеарен систем“ според вашите локални проблеми со водата и потребите на вашето семејство. Лесно може да се инсталира под мијалникот.


ВОДА ЗА ПИЕЊЕ БЕЗ БАКТЕРИИ

BWT ултра-безбедната технологија на филтрирање ги отстранува патогените и ги елиминира супстанциите кои влијаат на вкусот и мирисот на водата. Резултатот е сигурен и пријатен вкус на вода за пиење без патогени. Ултра-филтерската мембрана ги отстранува патогените и ултра-фините честички без да влијае врз минералните честички во водата. Со тоа се задржуваат сите витални својства на водата.




УЖИВАЈТЕ ВО ФИЛТРИРАНА ВОДА СО МИНЕРАЛИ И МАГНЕЗИУМ

Филтрирање на честички, отстранување на лош вкус како на хлор, тешки метали и патогени се одлични решенија, но ви нудиме и повеќе:

BWT Clear минерализаторот го намалува бигорот со што го штити вашиот апарат за кафе и обезбедува балансирано минерализирање за подобар вкус со патентираната Mg2+ технологија.

Со BWT SoftMin секогаш може да уживате во висококвалитетна вода, независно дали вашата вода потекнува од резервоар или систем за реверзна осмоза. Совршено за кафе, чај и секојдневно задоволство од пиење вода.


ПАКЕТ РЕШЕНИЕ СО ЧЕШМА ЗА ФИЛТРАЦИЈА НА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ

Нудиме комплетно решение: чешма (кујнска батерија) со модерен дизајн и филтер кој зазема многу мал простор под мијалникот;


Чешмата е специјално дизајнирана да обезбеди употреба на вода на два начини: овозможува користење на филтрирана и минерализирана вода за пиење, како и не-филтрирана вода за миење;


Без разлика дали планирате нова кујна или надградба на постојната кујна, комплетниот систем AQA drink Pure LOFT и AQA drink Pure URBAN може да се интегрира во речиси секоја кујна. Комплетот ги содржи сите компоненти за уживање во филтрирана вода BWT минерализирана со магнезиум директно од кујнската чешма. Касетата за филтри BWT AQA drink MP200 е инсталирана директно под мијалникот и поврзана со цевката за вода.

Водата може индивидуално да се избере со помош на две рачки на миксерот GROHE - или филтрирана, минерализирана вода за пиење (лева ротациона рачка) или нефилтрирана, топла или ладна вода од чешма (десна рачка). Капацитетот на филтерот може оптимално да се искористи благодарение на посебно водоснабдување.


Уживајте во придобивките од совршената вода за пиење од удобноста на вашиот дом со нашата палета системи за вода за пиење. Лесни за монтирање, филтрите за вода за пиење ги отстрануваат несаканите елементи како варовник од вашата вода од чешма, истовремено збогатувајќи ја со магнезиум користејќи ја патентираната технологија на BWT, за повеќе свежина и подобар вкус. Дизајниран за секој дом и секој начин на живот!


Заштедете 25% во ноември и одберете BWT чиста и филтрирана вода од чешмата во вашиот дом:


💧 BWT AQA Drink Pure Loft сет со кујнска батерија на извлекување од Grohe за 32.249 денари.

💧 BWT AQA Drink Pure Urban сет со кујнска батерија од Grohe за 22.999 денари.

💧 Кујнска батерија Genebre – Шпанија, со BWT Woda Pure филтри со цени од 19.565.


Последно, но можеби и најважно во борбата со климатските промени и загадувањето на животната средина, ќе ги исфрлите целосно од употреба пластичните шишиња. Навистина може да направите разлика доколку пиете вода од вашата чешма – филтрирана и збогатена со минерали.


Ова е количина на пластични шишиња од 1,5 литри што едно четворочлено семејство ја користи за три месеци. Претпоставките се дека секој член пие по 7,5 литри вода во текот на една недела.


Со филтрација на водата во вашиот дом, ќе ја исфрлите целосно пластиката и може да го промените светот – капка по капка.


Не чекајте, јавете се за повеќе информации или нарачка на ++ 389 2 512 8887 секој работен ден од 8.00 до 17.00 часот или пишете ни contact@eneks.mk . Нудиме можност на плаќање до 6 рати без камата со платежни картички Visa, Master Card преку НЛБ банка.



12 views
bottom of page