top of page

7 причини за да користите „мека“ вода

Користите премногу шампон за да ја измиете косата? Белите алишта со само неколку перења стануваат сиви? Туш кабините и бањата постојано се со дамки од вода и се чинат валкани? Не можете да ги исчистите малите апарати за кафе и топла вода кои постојано „фаќаат“ бигор, а на бојлерот му треба повеќе време за да загрее?



Причината за сите овие „ситни“ секојдневни проблеми во одржување на хигиената во домот и долготрајноста на апаратите е во таканаречената тврда вода, односно водата со бигор или каменец. Водата од градските водоводи е исправна за пиење и користење во домаќинството, но бигорот преставува проблем на голем дел од семејствата.


7 причини зошто да користите мека вода ослободена од бигор:


1. Меката вода ги чува апаратите за подготовка на чај и кафе и нуди неповторлив вкус на топлите напитоци подготвени со уживање. Кон тоа не треба да користите средства за чистење на бигор од овие апарати.


2. Меката вода ги штити машините за миење садови и за перење алишта – садовите се сјајни и без наслаги од бигор, а алиштата меки и бели. Дополнително со мека вода немате потреба да користите додатоци во машините за садови и перење, а ефектот на беспрекорна чистота се постигнува со користење на помалку детергент.


3. Бојлерите за топла вода, кога користат вода полна со бигор со текот на времето создаваат наслаги на грејачите кои го успоруваат греењето на водата. Па така трошите повеќе време и повеќе електрична енергија за да имате топла вода. Со мека вода, трошоците за електрична енергија се намалуваат значително.


4. Меката вода дава посебна мекост на косата, со помала количина на шампон се постигнуваат одлични ефекти, а употребата на регенератор за коса значително се намалува. Меката вода благопријатно влијае и врз кожата, и често пати е единственото решение за лица со осетлива кожа кои често имаат проблем со исфрлање и иритација.


5. Меката вода заштедува средства за чистење - бањите и туш кабините повеќе не се испрскани со наслаги од бигор при секое туширање, немате потреба да користите силни средства за чистење и освен хигиена, ја продолжувате употребната вредност на бањата. Со мека вода може да ја дизајнирате вашата бања како сакате – ставете и темни плочки и тие ќе изгледаат чисто.


6. Да зборуваме за чешмите и славините – тврдата вода ги оштетува, создава наслаги кои се не се хигиенски, ја забавуваат функцијата на чешмите и тушот, како и протокот на водата. Со мека вода немате потреба да ги одвртувате и чистите од наслаги на бигор.


7. Меката вода благопријатно влијае врз здравјето на човекот. Иако се дебатира околу мислењето дали тврдата вода влијае врз создавањето на камен во бубрег или жолчка, меката вода дефинитивно помага да се отстранат повеќе токсини од телото и побрзо се процесира во организмот, со што влијае поволно врз здравјето на човекот.


Посветени на создавање на чиста и хигиенска вода насекаде, ослободена од штетни честички, BWT ги развива најдобрите технологии за третман за омекнување на вода во секој дел од домот. Меката вода влијае да имате поудобен и побезбеден живот дома, го штеди домашниот буџет, но меката вода влијае врз животната средина – штеди електрична енергија и ја намалува употребата на детергенти и средства за чистење кои имаат штетно влијание врз природата и водените текови.

Одберете од решенијата за омекнување на вода во домот:

169 views0 comments

Comments


bottom of page