Со доаѓањето на пролетта сакаме да го исчистиме нашиот дом, да се ослободиме од зимските гломазни алишта, можеби да смениме некои работи и да ја внесеме свежината и пролетните мириси. Пролетното чистење е многу полесно доколку имате омекнувачи за вода од BWT во вашиот дом – ќе има помалку бигор, ќе користите помалку средства за чистење, прозорците, стаклените површини и садовите ќе светат, а завесите, бањарките и облеката ќе бидат со убави бои, свежи и лелеави. Доколку дома немате омекнувач за вода, пожелно е да направите и чистење од бигор на вашите апарати. Но, од почеток.
1. Започнете со местата кои ретко ги чистите
Тешко достапните делови од мебелот, како што се горните полици и најниските фиоки се последни кои ги чистите и речиси секогаш остануваат несредени – почнете од нив. Исчистете ги и отстранете ги сите непотребни предмети. Избришете ги убаво сите полици и отстранете ја прашината од книгите. Направете нов распоред на украсите кои ќе ги измиете за да добиете нова свежина.
2. Исчистете ги ролетните, тешките завеси и прозорците
Во зима кога ни е студено поретко или не ги бришеме надворешните ролетни, но сега кога сонцето треба повторно да влезе во вашиот дом – исчистете ги убаво од сета насобрана прашина и чад. Симнете ги тешките завеси и исперете ги за да бидат мирисни и свежи. Доколку дома имате омекнувач за вода – лесно и со помалку средства за чистење ќе успеете да исчистите, а прозорците ќе сјаат. Не ги заборавајте и рамките на прозорците. Завесите ја враќаат својата белина испрани во мека вода.
3. Исчистете под тепихот
Поместете го мебелот и исчистете под него. Доколку имате некаков тепих, тогаш искористете ја оваа прилика и добро исчистете го. Може да побарате помош и од професионален сервис за подобри ефекти и побрзо сушење.
4. Дезинфицирајте ја вашата постела и кревет
Чаршафите, душеците и перниците секојдневно собираат прашина, пот и плунка, што може да предизвика насобирање на голем број бактерии. Погрижете се најмалку еднаш годишно темелно да го исчистите креветот од бактериите и останатите микроскопски грозотии кои шетаат по него со пареа или викнете сервис. Исперете ги и перниците и покривките. Со мека вода ќе бидат идеално свиленкасти и лелеави и беспрекорно чисти.
5. Исчистете го темелно тапацираниот мебел
Поместете ги и исчистете под сите седечки места и јастуци на тапацираниот мебел, а доколку барате професионална помош за чистење на тепихот, не заборавајте да го вклучите и мебелот.
6. Дали вашата кујна блеска и зад кујнските елементи?
Барем еднаш во годината поместете ги подвижните кујнски елементи и исчистете зад нив, внимавајте да исчистите и под долните елементи. Честопати не сме свесни колку маснотија и нечистотија може да се собере од испарувањата додека готвиме. Исчистете ги од задната страна и елементите кои сте ги поместиле. Доколку немате омекнувач за вода најверојатно и чешмата е полна со бигор и мувла и послабо тече – па исчистете ја темелно со оцет. Домовите кои користат омекнувач на вода од BWT го немаат тој проблем.
7. Темелно внатрешно миење на домашните апарати
Пролетното чистење е одлична прилика за да ги исчистите вашите домашни апарати, а во првиот ред спаѓаат фрижидерот, рерната, аспираторот, машината за садови, но и малите кујнски апарати. Машината за садови најдобро ќе ја исчистите од тврдокорниот бигор така што ќе ја вклучите празна и ќе ставите во неа еден филџан оцет, ако имате омекнувач тоа не е потребно. Не заборавајте да ги измиете сите садови во кои чувате сол, шеќер, зачини и наредете ги убаво. Кога се наредени ви дава чувство почист и посреден дом.
8. Прередете ги плакарите
Сите работи кои не ги носите средете ги донирајте ги. Направете ред во плакарите и чевлите, заштитете ги чевлите во кутија, а облеката што ќе ви треба за следната зима спакувајте ја во вакуумски кеси. Ако го оставите шишенцето од потрошен парфем во плакарите ќе обезбедите дополнителна свежина на вашата облека.
9. Темелно чистење на бањата
Иако бањата навидум нема скриени агли и најчесто ја чистиме, сепак проверете ја кутијата со лекови и сите што се со изминат рок фрлете ги. Проверете ги шминките и останатите шампони и се што ви е сомнително фрлете го. Пребришете ги сите плочки, плафонски светла и над бојлерот. Доколку водата во вашата бања е тврда можеби ќе треба да ги исчистите чешмите и тушот подетално, а и машината за перење во тој случај секако ќе треба да ја исчистите. Доколку пак имате мека вода, наслагите од бигор ќе ги нема и многу, многу побрзо ќе исчистите.
10. Не заборавајте на подрумот и шпајзот
Барем еднаш годишно прегледајте го рокот на траење на сите намирници кои се наоѓаат во вашиот подрум. Отстранете ги од полицата сите оние пакувања на кои им истекол рокот и избришете ги полиците. Ќе се изненадите кога ќе откриете колку храна ви пропаднала само затоа што сте биле зафатени и заборавени. Нека ова биде вашата мотивација за подобро редење на храната во подрумот. Доколку има храна која не ја јадете, а е со добар рок подарете ја во хуманитарно здружение.
За крај, но не и неважно – сиот отпад кој сте го собрале со пролетното чистење, селектирајте го и отстранете го во контејнерите наменети за тоа – пластика, хартија, стакло. Облеката што не ја носите донирајте ја, како и храната која има добар рок. Книгите кои сметате дека не ви требаат донирајте ги во најблиската библиотека, а играчките кои се неоштетени исчистете ги и подарете ги во детска градинка.
Внесете пролетно цвеќе, направете си добро кафе или чај со филтрирана вода и уживајте во пролетта во вашиот дом. И размислете да одберете решение за филтрација и омекнување на вода од BWT. Разгледајте ги продуктите на нашата веб страница.
Comentarios