top of page

Совети чекор по чекор за реновирање на вашата бања

Без разлика дали вашата бања е место за одржување на лична хигиена или место за уживање во капењето, со текот на времето имате потреба да ја реновирате и освежите бањата. Без разлика дали само сакате да ја промените бојата, да ги смените плочките и кадата или туш кабината, реновирањето на бањата често изгледа застрашувачка инвестиција во пари и време. Ви нудиме чекор по чекор водич како да ја реновирате бањата и наскоро да се опуштите во вашиот сопствен нов спа-центар во домот со прекрасна мека и свиленкаста вода. Сега е вистинско време да почнете со планирање:




BWT има производи кои можат да помогнат.


По кујната, вашата бања е веројатно една од просториите без кои не можете да останете многу долго, а вашето планирање треба да обезбеди користење на другите простории додека работите се во тек и сите работи треба да се завршат за најкусо можно време.


Донесувањето правилни одлуки во фазата на планирање е важно за вас, вашето семејство и начинот на живот. Со правилниот избор на распоред, бои, плочки и подни облоги ќе си обезбедите практично реновирање на бањата. Ако го направите правилно во фазата на планирање, реновирањето на бањата, може да додаде вредност на вашиот дом и за негова подобра евентуална продажба во иднина.


Боењето на бањата и додавањето на нови елементи може да направат голема разлика и веројатно може да ги направиме сами, но менувањето на распоредот на елементите или целосното реновирање е најдобро да им се остави на професионалците.

Често се прашуваме како да почнеме, па ви нудиме водич како да го почнете и завршите најефикасно реновирањето на вашата бања за да стигнете до просторот од вашите соништа.


Чекор 1. Буџетирање.

Многу луѓе најпрвин планираат, а потоа ги пресметуваат трошоците за својата замисла, па лесно се разочаруваат зошто замислата ги надминува расположливите средства и мора да се откажат од дел од замислите. И веќе тоа не е тоа. Затоа е важно во најрана фаза да го планирате буџетот што може да го одвоите и да ги земете предвид сите фази: од кршење плочки, промена на инсталации, плочки, фуги, изолација, лепак, чешми и славини, одвод, када или туш кабина и работна рака. Не заборавајте дека за реновирање на бањата ќе ви требаат повеќе различни мајстори или компанија изведувач.


Чекор 2. Како ќе ја користите вашата бања?

Време е да го погледнете аспектот како ќе ја користите вашата бања. Доколку имате мали деца веројатно ќе ви треба када и поинаков распоред на елементите во бањата, но доколку се повозрасни децата или живеете со постари лица, туш кабината е подобро решение. Размислете дали и кои машини ги планирате во бањата – бојлер, машина за перење и сушење. Каков тип на плочки ќе ставите на подот за да не се лизга особено ако имате мали деца или повозрасни? Како планирате да ја чистите бањата – доколку имате мека вода во бањата можете да имате и темни плочки на кои нема да се лепи бигор и ќе се чисти многу едноставно и со помалку средства за чистење? Планирајте ги вашите потреби за во иднина, зошто најверојатно дека нема да ја реновирате бањата барем наредните 10 години.


Чекор 3. Време е да разговарате со професионалец.

Откако размисливте за тоа како ќе ја користите вашата нова бања, со колку буџет располагате за секоја ставка, време е тие идеи да се стават на хартија. Интернетот е одлично место за идеи, како и вашиот локален изложбен салон за бањи и керамика. Направете провизорно мерење за почеток, и доколку ви одговара постојниот распоред на елементи не мора да го менувате. Направете провизорна скица на вашиот постоечки распоред, не заборавајќи да ја означите локацијата на вратите, прозорците, радијаторите, па дури и прекинувачите за светло.


Размислете за стилот на бања што го сакате и симнете некои слики од интернет. Сега е совршено време да разговарате со професионалец. Во изложбените салони или фирмата која ќе ви помага во реновирање може да ви дадат идеи и да ви помогнат како да извлечете повеќе од вашиот простор и да ги забележите можните проблеми. Нивното знаење може да биде од непроценливо значење за финализирање на вашиот распоред, вашиот стил на бања или забележување на нешто што можеби сте заборавиле. Бидејќи се локални, експертите ќе знаат за локалните услови на водата и може да советуваат за ситници како што се облоги на кабината за туширање или омекнувачи на вода што ќе помогнат по реновирањето бањата да изгледа ново подолго време.


Внимавајте дека софтверите кои ги користат некои изложбени салони можат да направат предметите да изгледаат помали отколку што ќе бидат во вашиот дом. Експертите ги земаат предвид разликите во димензии кои се јавуваат од самиот производ и инсталацијата и ако кажуваат дека вашиот туш од соништата нема да одговара, тогаш најверојатно тоа нема да се смени без да промени нешто друго.


Чекор 4. Време за размислување.

Не брзајте, без разлика колку добра понуда добивате за да купите веднаш. Разгледајте ги плановите и споредете ги со вашиот избор на предметите и елементите кои сте ги одбрале. Вратете се чекор назад и размислете за практичноста на секој од елементите. Каде ќе ги чувате сите ситни нешта кои треба да ви се на дофат? Дали ќе користите вграден елемент со огледало кој е мошне практичен? Дали радијаторот кој изгледа убаво ќе ви обезбеди доволно топлина во бањата? Дали е време да ставите омекнувач за вода од BWT кој ќе обезбеди долготрајност на вашата нова инвестиција и ќе ви заштеди време и пари?!


Чекор 5. Одлучете кој што ќе прави.

Цената на вашиот проект ќе одлучува не само за изборите што сте ги направиле досега, туку и за тоа кој ќе ја работи работата. Многу специјализирани салони за реновирање бањи ќе понудат решение со клуч на рака, од снабдување на вашиот избор на производи до инсталација и финална декорација. Многу локални водоводџии ќе понудат слична услуга, додека други ќе претпочитаат вие да ги набавите и донесете производите. Може да изберете мајстор за секоја област од вашето реновирање и така вашата листа може да вклучува: водоводџија, електричар, плочкар, декоратер, а можеби и ѕидар. Или можеби ќе одлучите да ја завршите дел или целата работа сами. За обезбедување мека вода во бањата со продуктите од BWT – побарајте нѐ нас https://www.cleanwater.mk/korisnicka-poddrska .


Запомнете, ако користите повеќе од еден мајстор/ фирма, тогаш некој ќе треба да управува со проектот и да се осигура дека работата е завршена во правилен редослед и на време. Од витално значење е да се има распоред за работа за секое вклучено лице и не заборавајте да се договорите и кој го отстранува ѓубрето!


Чекор 6. Финализирајте го буџетот.

Без разлика кој пат сте го одбрале, сега е време да го финализирате буџетот. Изберете ги вашите партнери мудро и секогашземете повеќе од една понуда, вклучувајќи ги условите за плаќање и проверете го времето на испорака кај вашиот добавувач пред да резервирате работа со кој било мајстор или експерт.


Ако веќе немате идеја за експерти и мајстори, интернетот е златен рудник со многу критики и препораки од среќни, а во некои случаи и не толку среќни клиенти. Вашиот локален изложбен салон за бањи може исто така да има список на локални мајстори ако тие не нудат своја услуга за инсталација.


Кога го правите вашиот конечен избор, искористете ја можноста да разговарате со нив детално за производите што сте ги избрале, временската рамка и нивото на завршна обработка што го очекувате и доколку е можно напишете на лист хартија секој што ќе сработи и споделете го тоа со секој од мајсторите, и избегнувајте генерални информации како „Поставување плочки 3 дена“ – детално по денови претставете го текот на работите.


Со избраните планови за реновирање на бањата и вашите понуди, е време да го земете вашиот калкулатор за таа важна конечна бројка – финалниот буџет. Ако е повеќе од дозволеното, тогаш е време да се прегледа и да се види каде може да се заштеди. Обидете се да избегнете да избирате форма наместо функција кога повторно го разгледувате буџетот, оставајќи ја бањата без виталната заштита од бигор, зошто може да биде скапа грешка бидејќи меката вода што ја произведува ќе помогне да се заштитат санитарните производи, стаклото и керамиката. Проверете дали вашиот финален буџет ги вклучува сите важни нешта кои може да ги заборавите како што се цемент за плочки и фугирање и стапици за отпад за вашите мијалници, бањи и тушеви и не заборавајте ги светилките. Среќни? Тогаш е време да ги организирате вашите испораки и мајсторите.


Чекор 7. Големиот ден.

Пред почетокот на големиот ден и работа, време е за последна проверка. Ако сте се обратиле за решение со клуч на рака, тогаш едноставен повик до одбраната фирма е сè што е потребно за да се одморите дека неделите на планирање конечно се спојуваат. Ако сте избрале да користите различни луѓе, тогаш на телефонот ќе поминете повеќе време, но е многу исплатливо за да бидете помирни.


Проверете дали сте ослободиле доволно простор за складирање на сите елементи што може да пристигнат пред да бидат потребни бидејќи дури и со најдобро планирање материјалите може да пристигнат порано или работата да задоцни еден ден зад распоредот.


Кога материјалот ќе пристигне, честопати ќе биде испорачан во заштитно пакување, што го отежнува деталниот преглед на лице место, НО проверете дали има очигледни оштетувања како смачкани кутии или искинати делови и информирајте го вашиот испорачувач пред да замине од кај вас. Фотографирајте ги оштетените места и направете детална проверка што е можно поскоро.


Погрижете се сите соседи да бидат информирани кога водата ќе се исклучи во текот на денот и дека таа треба повторно да се вклучи пред мајсторите да заминат за тој ден. Реновирањето на стара бања може да создаде големи количества прав, затоа ве молиме проверете дали соседните врати се цврсто затворени за да се минимизира прашината во другите простории и околу вашиот дом.


Ако живеете во област со тврда вода и сте избрале да го заштитите вашата нова реновирана бања со омекнувач на вода, на инсталатерот, во одреден момент во текот на изградбата, ќе му треба пристап до водомерот бидејќи ова е најчестото место за нејзино инсталирање.


Чекор 8. Пред да уживате.

Како што напредува работата, одвојте време секој ден за да го проверите квалитетот на работа и дека работите се движат според распоредот на сѐ она што сте го побарале. Адресирајте ги проблемите веднаш штом ќе се појават за да ја минимизирате потребната преработка. Кога работата е завршена, темелно проверете ја работата пред да ја потпишете. Повеќето реномирани изведувачи нема да очекуваат финална исплата пред да бидете задоволни. Не заборавајте да го проверите и очигледното, дали функционира тушот, светлата на огледалото и тоалетот? Конечно дали целото ѓубре е однесено? Не е неразумно да се држите до која било конечна исплата ако има работа што треба да се заврши во согласност со договорениот распоред. Регистрирајте ги вашите гаранции и доколку сте избрале BWT омекнувач за вода побарајте бесплатно да го пуштиме во функција.


Чекор 9. Сè е завршено.

Уживајте во новата реновирана бањата и ако ја искористивте можноста да ја заштитите со омекнувач на вода, како што прават многу модерни хотели, тогаш ќе остане да изгледа како нова подолго време, ќе биде полесно да се чисти и да трае долго, како и да ја користите вашата бања. Уживајте во првиот вистински спа третман во вашата бања.


BWT производи кои можат да помогнат за мека вода https://www.cleanwater.mk/omeknuvanje-na-voda

Извор: www.bwt.co.uk , според текстот на Ian Fraser, Marketing Manager

42 views
bottom of page