Сите сме согласни дека водата за пиење е суштинска за животот и здравјето, а со бокалот за филтрација на BWT, можете да си обезбедите вода која е подобра и по вкус и по квалитет. Во продолжение ви споделуваме неколку „тајни“ за максимално користење и уживање во бокалот за филтрација.
Филтрираната вода никогаш не изгледала подобро и не била повкусна
Свежо филтрираната вода со BWT изгледа одлично кога ќе ја ставите во чаша и има извонреден вкус кога ја пиете. Со тоа што се отстрануваат многу непосакувани елементи од водата и истата се збогатува со минерали како магнезиум, цинк и силикати, водата од BWT бокалот помага за здрава исхрана и за личната благосостојба.
Водата е најздрав пијалак за луѓето, а децата ја сакаат особено кога ја „инфузираме“ со омиленото свежо овошје. Со BWT бокалот за филтрација, лесно може да ги мотивирате да пијат повеќе вода што ќе им создаде одлични здрави навики за до крајот на животот.
Но, најчеста дилема која се појавува кај луѓето е дали последниот литар на филтрирана вода е исто толку добар како и првиот од пред 30 дена.
Кој е најдобриот начин за да ја задржите свежината на вашиот бокал за филтрација?
Постапката за филтрација се завршува за четири до пет минути, по што може да ја користите водата од бокалот за филтрација. Доколку не го испразните целосно бокалот за филтрација, водата која останува во него може да ја оставите за подоцна. За да бидете сигурни дека филтрираната вода ќе има сист вкус најдобро е да го држите бокалот за филтрација подалеку од директна сончева светлина, на пример, може да го ставите во фрижидер. Дизајните на BWT бокалите за филтрација се така направени што нив ги собира во повеќето втари на фрижидерите. Лекарите и нутриционистите препорачуваат дневна доза од шест до осум чаши вода, или околу 1,2 до 2 литри.
Одите на пат?
Ако планирате да бидете отсутни од дома подолго од 24 часа, ви препорачуваме да го ставите вашиот бокал за филтрација во фрижидер додека да се вратите, по можност филтерот да биде целосно покриен со вода. Доколку сте отсутни повеќе од два дена отстранете го кертриџот од бокалот за филтрација, а кога ќе се вратите измијте го бокалот со вода и средство за садови, исплакнете убаво и вратете го назад кертриџот.
Наполнете го бокалот со свежа вода, дозволете да се филтрира целосно, а потоа исфрлете ја оваа вода. Повторно наполнете свежа вода и веќе користете го бокалот вообичаено. Доколку кертриџот за вода кој еднаш е употребен не се користи повеќе од две недели, препорачуваме да не се користи повеќе и да се замени.
Да – бокалот за филтрација на вода се чисти и тоа многу лесно!
BWT бокалите за вода и од типот Vida и Penguin може да се мијат во машина за садови. Сите делови на бокалот може да се мијат на програма со топла вода. Но, внимавајте: во случај кога имате бокал за филтрација со електронски индикатор за промена (како „Easy Control“), мора да го извадите капакот пред циклусот на перење. Бокалите за филтрација може да се чистат и рачно со топла вода и течност за миење садови.
Промена на филтерот за премиум перформанси?
Со цел да се гарантира постојано висок квалитет на филтрираната вода, неопходно е навремено да се менува кертриџот за филтер - препорачуваме да го менувате најмалку на секои четири недели. Повеќето бокали за филтрација имаат рачен или електронски индикатор за промена на филтерот, така што нема да заборавите да го смените навреме. Рокот на траење на кертриџот за филтер е максимум четири недели од микробиолошки причини. Дури и ако максималниот капацитет на филтерот сè уште не е постигнат! Колку подолго се надминува препорачаното време на работа на кертриџот, толку е поголем ризикот филтерот на бокалот за филтрација да се контаминира, а квалитетот на филтрираната вода ќе се намали.
Ако се чуваат правилно, оригиналните кертриџи за филтри BWT може да се чуваат две години. Препорачуваме да ги чувате во оригиналното пакување се додека филтерот не биде подготвен за промена. Дополнително, треба да ги чувате кертриџите на ладно и суво место и да ги заштитите од директна сончева светлина.
По ставање во употреба нов филтер, во филтрираната вода може да се видат мали честички прав од активен јаглен кои се целосно безопасни. Сепак, препорачуваме да го наполните бокалот, а потоа да го исплакнете и исфрлите првиот литар филтрирана вода.
Бокал за филтрација Penguin
Со атрактивен дизајн овој бокал за филтрација има волумен од 1,7 л филтрирана вода. Индикаторот за електронска размена гарантира дека никогаш нема да го пропуштите вистинското време за промена на кертриџот за филтри. Се вклопува во сите стандардни врати на фрижидерот. Европски квалитетен производ од BWT, природно без BPA пластика. Филтрира 120 литри вода со еден кертриџ.
Бокал за филтрација Vida
Практичниот филтер за вода за малите домаќинства има волумен од 1,4 л филтрирана вода. Индикаторот за електронска размена гарантира дека никогаш нема да го пропуштите вистинското време за промена на кертриџ за филтри. Европски квалитетен производ од BWT, природно без BPA пластика, кој се вклопува во сите стандардни врати на фрижидерот. Филтрира 120 литри вода со еден кертриџ.
Врвна технологија
BWT нуди врвна технологија и голем избор на филтер рефили за бокали според индивидуалните потреби на корисниците. Висококвалитетна, чиста и минарализирана вода од вашата чешма на дофат на вашата маса.
Кертриџите за филтер со магнезиум минерализирана вода BWT користат патентирана заштитена технологија на магнезиум која разменува јони на калциум за јони на магнезиум. Ова го намалува нивото на pH повеќе од другите бокали за филтрација, создавајќи вкусна вода збогатена со магнезиум со подобар вкус, како и подобрување на вкусот на оброците и пијалаците подготвени со неа. Уникатните индивидуални кертриџи за филтрација на вода на BWT помагаат да се намалат бигорот, тешките метали, несаканите честички и мирисите од вашата вода од чешма. Изберете го вашиот денес!
Придобивки од филтрацијата со BWT
Сигурна заштита од бигор на апаратите за домаќинство како машини за кафе и кетлери: ги намалува минералите во водата кои предизвикуваат бигор
Ги намалува супстанциите што го нарушуваат вкусот и мирисот, како што се хлорот и органските нечистотии (каде што постојат)
Ги намалува честичките > 200 μm (честички како песок) и тешките метали (олово и бакар) каде што постојат
Придобивки од Магнезиумот
Магнезиумот е носител на вкус. Ја прави водата совршена за чај, кафе и секојдневно задоволство од пиењето
Паметен начин да ги задоволите вашите дневни потреби за магнезиум
Повеќе моќ и вкус за активен и витален начин на живот
2,5 литри* вода дневно е едноставен и ефикасен начин за да уживате до 20% од дневните потреби за магнезиум (* при просечна тврдост на водата помеѓу 267 – 320 ppm)
Го менувате светот капка по капка!
Можете да дадете позитивен придонес за светот! Со користење на филтрирана вода од вашата чешма, избегнувате да користите пластични шишиња за еднократна употреба, избегнувајќи непријатности од купување и транспортирање на флаширана вода од продавница до вашиот дом, а во некои случаи на патување низ половина свет.
Одберете Бокал за филтрација вода од BWT https://www.cleanwater.mk/bokali
Comments