top of page

3 литри вода за мажи, 2,2 литри за жени дневно – еликсир за виталност и здравје

“Забораваме дека циклусот на водата и животниот циклус се една иста работа.” – Жак Кусто


Водата е основна компонента на човечкото тело и сочинува 60-70% од вкупната маса на возрасно лице, малку повеќе кај децата. Со текот на годините, односно со возраста количината на вода се намалува на околу 50%. Различни клетки во организмот содржат различна количина на вода. Крвта содржи 90-92% вода, мозокот 75-85%, мускулните клетки околу 75%, масните клетки 10-15%.



Јасно е дека за здравје и виталност неопходно е да се консумира доволно количество на вода во текот на денот. Најчесто прашање кое се поставува е:


Колку вода треба да се пие во текот на денот?

Количеството на вода која треба да се внесе во организмот зависи од повеќе фактори како што се климатските услови, сезоната – дали е лето и зима, телесната тежина, здравјето, видот и обемот на активности што ги извршувате во текот на денот, како и во зависност од полот. Мажите имаат малку повисок процент водата во телото отколку жените, па затоа треба да внесуваат околу три литри вода дневно. Жените имаат повисок процент на телесни масти во телото, што помалку ја поврзува водата од мускулното ткиво. Препораката за здрава женска личност е да конзумира околу 2,2 литри течност дневно . Децата до пет килограми тежина треба да пијат околу 0,75 литри вода дневно, а деца од десет години околу литар течност.


Со поголема физичка активност, повисоки температури на воздухот, во влажна и топла клима потребно е да се внесат дополнителни количини на вода. Внесот на вода треба да се зголеми за време на бременоста и доењето и во некои здравствени состојби (треска, дијареа, повраќање).


Започнете го денот со вода

Започнете го денот со утринска чаша вода (2 dcl) и пијте ја во текот на денот. Чаша млака вода наутро го стимулира варењето и помага при утринското празнење на дебелото црево.


Пијте вода пред да бидете жедни. Пијте што е можно почесто дури и кога не сте жедни, бидејќи механизмот на жед не може точно да покаже кога е време за вода и со тоа да спречите дехидрација. Запомнете: кога се чувствувате жедни веќе сте малку дехидрирани.


Пијте вода најдобро 1 час пред или после оброк, а не за време на оброците, бидејќи тоа го успорува варењето на храната. Препораката е да се пијат помали количини вода во помали голтки.


Придобивки

Водата му помага на телото да се ослободи од штетните токсини. Доволното количество на вода влијае значително на подобрување на севкупното здравје, но и на задржување на младешки изглед на нашата кожа и тело.

Водата ги пренесува хранливите материи (витамини, минерали, протеини, шеќер) до органите на коишто им се потребни. Го исполнува клеточниот и меѓуклеточниот простор, учествува во хемиски реакции, помага при варењето на храната.

Водата го ослободува („чисти“) телото од штетни материи. Чаша млака вода наутро го стимулира процесот на чистење на дебелото црево.

Водата е нашиот механизам за ладење. Ја регулира телесната температура со пренесување на топлината создадена во телото за време на метаболизмот и мускулната активност во околината преку дишење и потење.

Ја одржува кожата здрава, сјајна и чиста, бидејќи водата промовира подобро функционирање на лимфниот систем и отстранување на токсините, и ја дава на кожата потребната влага.


Каква вода треба да се пие?

Иако во вкупниот внес на течности се сметаат сите течности внесени преку овошјето, храната или други напитоци, сепак чистата вода е најдобра и најздрава.

Водата од градските водоводи е чиста и здрава, но често луѓето се жалат на непријатен мирис на хлор или честички, кои целосно може да се елиминираат со решенијата за третман и филтрација, како и за минерализација на водата кои ги нуди BWT – Best Water Technologies. Така добивате проточна висококвалитетна, хигиенска и вкусна вода за пиење постојано од чешмата во вашиот дом. Не користете пластика и зачувајте ја животната средина. Вкусната и чиста вода од чешмата во вашиот дом наполнете ја во термос или шише кои ќе ги понесете со вас и кога сте во движење.


Дали вие пиете доволно вода?

Доколку сте од оние кои забораваат да се напијат вода, задолжително симнете некоја од достапните апликации кои мерат колку вода сте испиле или ве потсетуваат дека е време за нова чаша вода.


Веќе е време е за следната чаша вода! На здравје!

111 views
bottom of page