Доколку никогаш не сте користеле мека вода, ќе бидете изненадени од тоа колку и каде сѐ може меката вода да заштеди во вашиот дом – во време, пари и труд.
Во мека вода шампоните и средствата за туширање прават богата пена на вашата коса и кожа, така што едноставно ќе користите помалку сапун, шампон или регенератор за коса од вообичаено. Со тоа не само што ќе заштедите на купување на овие средства за лична хигиена, туку ќе го намалите и бројот на пластични шишиња кои ги употребувате, а во кои се пакувани овие средства.
Со самото тоа што нема наслаги од бигор, чистењето на бањата и туш кабините станува лесно и едноставно, а значително ја намалувате употребата на детергентите за чистење и целосно ја елиминирате потребата од користење на специјални средства за чистење на бигор. Чешмите и тушевите, како и цевките во инсталацијата ќе имаат подолг век на траење и нема да бидат оштетени од бигор.
Меката вода ги штити и апаратите во бањата и кујната. Машините за перење на алишта, за садови, бојлерите за топла вода многу побрзо и поефикасно ја топлат водата, а со тоа штедите и енергија и ги намалувате скапите трошоци за поправка на апаратите како резултат на наталожен бигор.
Дополнително, меката вода во радијаторите или грејните тела побрзо се топли, па за индивидуалните системи за греење се препорачува да се користи мека вода за поголема ефикасност во греењето и намалување на трошоците за греење.
Меката вода ги штити малите кујнски уреди за варење кафе или чај, стерилизатори за бебешки шишиња, како и машините за миење садови од наслаги бигор со што штеди енергија за загревање, штеди на средства за отстранување бигор, ја намалува потребата од користење на сол во уредите, го продолжува „животот“ на уредите и дава незаменлив квалитет на кафето, чајот, подготовката на храна, како и висок сјај на садовите.
Меката вода значајно ја подобрува и ефикасноста на пеглата на пареа, навлажнувачите на воздух, правосмукалките кои работат на пареа или вода кои ги користите во домот и на сите места и уреди кои користат вода.
Последно, но и најзначајно – меката вода поволно влијае врз вашето здравје – кога ја консумирате или за заштита на вашата кожа и коса. Алергиите и сушењето на кожата значително се намалуваат со користење на мека вода, па ќе заштедите и на скапи препарати за заштита на кожата.
BWT – Best Water Technology има идеално решение за мека вода насекаде во вашиот дом, за сите уреди и за пиење директно од вашата чешма. Проверете ја понудата на уреди и решенија од BWT за мека вода и донесете мудра одлука за квалитетна и долгорочна инвестиција во вашиот дом. Германски квалитет на број 1 решенијата за третман на вода сега се достапни и кај нас https://www.cleanwater.mk/omeknuvanje-na-voda . Совршено чиста и мека вода за вас, вашето семејство и вашиот дом.
Comments