top of page

Време на зголемени трошоци за живот! Заштедете со омекнување на водата!

Наглиот пораст на трошоците за живот ги најмногу ги погодува домаќинствата. Во услови кога се најавува повторно зголемување на цената на електричната енергија, а Народната Банка направи надолна ревизија на економскиот раст од 2,9 отсто и најави стапка на инфлација 8,8 отсто, со раст на цените, навистина е важно да се најдат начини за долгорочна заштеда во домот.


Соочени со зголемената цена на енергијата, не е изненадувачки што многумина од нас активно бараат начини да ги направат нашите домови поефикасни. Од надградба на изолацијата во нашите тавани, нашите прозорци и врати, надградба можеби дури и нашиот систем за централно греење, но сепак, ако живеете во област со тврда вода, можете да направите вистинска заштеда со инвестирање во омекнувач на вода.


Подолу разгледуваме три од најпопуларните области во домот за да видиме каков вид на заштеди може да се направат.


1) Заштедете на енергијата што ја користите за загревање на вашиот дом


Системите за централно греење, машините за перење, машините за миење садови, па дури и електричните тушеви, сите работат поефикасно кога нема варовник/ бигор. Колку се поефикасни вашите домашни апарати, толку помалку енергија ќе трошат и толку повеќе пари веројатно ќе заштедите.


Според некои пресметки наслага од каменец од 1,5 mm на системот за греење може да ја намали неговата ефикасност во просек за 11 проценти. Преземањето акција сега ќе помогне да се ограничат непотребните повисоки сметки во иднина.



2) Заштедете при перење


Кога растечките цени го притискаат вашиот буџет за шопинг, може да ја разгледате опцијата да ја зачувате свежината на вашите алишта подолго време. Перењето на облеката во омекната вода може да помогне да се намали износот што треба да го потрошите за вашите омилени брендови до 50%, бидејќи облеката и крпите имаат тенденција полесно се исплакнуваат во омекната вода.


Современите детергенти не само што работат подобро во омекната вода, туку и на пониски температури. „Перењето алишта на 30 степени наместо на повисоки температури ќе заштеди околу 40% од енергијата што се користи секоја година за перење“ - вели Energy Saving Trust.


Размислувајќи за иднината, проверете ја палетата на енергетски ефикасни уреди. Најновата машина за перење А+++ ќе ве чини помалку од половина од онаа на старата машина со оценка D. Купете енергетски ефикасни апарати. Енергетска ефикасна машина за перење (A+++) може да ви помогне да заштедите и до 5.000 денари годишно што секако се исплатува на долг рок. И не заборавајте, омекнувачот на вода ќе ви помогне да ја одржите вашата машина за перење чиста од бигор со што ќе биде како нова и ќе работи ефикасно подолго време.



3) Заштедете во бањата


Без разлика дали вашата бања е место на активности со деца кои прскаат како луди или мирно место за опуштање на крајот од денот, веројатно е и област каде што може да се направи вистинска заштеда.


Неодамнешните истражувања и анализи покажуваат дека се зголемени и цените и на средствата за хигиена како шампоните и на детергентите за чистење.


За среќа, доколку инсталирате омекнувач за вода од BWT може да помогне во ублажувањето на овие трошоци и да не треба да ги менувате за поевтини омилените брендови на кои им верувате. Сапуните, омекнувачите, купките за капење и шампонот подобро се пенат во омекната вода и без бигор, па едноставно можете да користите помалку, во некои случаи и до 50% помалку шампони, сапуни и детергенти. Во практична смисла, тоа може да значи преполовување на бројот на шишиња што ги купувате секоја година. Не само што ви заштедува пари, туку ви овозможува да се држите до производите што сакате да ги користите.


Не заборавајте дека бигорот значи уште една заштеда во специјализираните производи за чистење. Со мека вода во домот нема да имате потреба повеќе да купувате силни средства за чистење против бигор, а бањата не се валка толку често. Во овие тешки времиња мислиме дека вреди да се заштеди.


Иако луксузната вода не е решение сама по себе, омекната вода може да направи вистинска разлика. Со текот на времето, заштедите почнуваат да се собираат, до точка што комбинирани со мали промени во нашата секојдневна рутина, заштедените средства не се незначајни.



Одберете решение за омекување на вода од BWT https://www.cleanwater.mk/omeknuvanje-na-voda


17 views0 comments

Comentarios


bottom of page