top of page

Заштитете ја кожата во зима – совети за хидратација и мека кожа и на студеното време

Вообичаено во зима нашата кожа е малку посува што се должи на падот на влажноста и на засилувањето на ветерот, сувиот воздух дома од грејните тела, температурните разлики дома и надвор. Затоа е важно да делуваме и да ја заштитиме кожата.



Навлажнувачите за кожа врз база на етерични масла помагаат да се создаде заштитен слој кој и помага на вашата кожа да ја задржи влажноста. Побарајте масла кои нема да ви ги затворат порите како што се бадемовото или маслото од авокадо. Избегнувајте да користите тоници за лице врз база на алкохол и груб пилинг доколку вашата кожа е сува зошто тие ја одземат природната маселност на кожата. Наместо тоа, изберете млеко за чистење и хидрантни маски во зимскиот период.


Посебно внимание посветете на кожата на рацете. Штитете ги рацете со ракавици кога излегувате надвор и редовно одржувајте ја кожата чиста, хидрирана и масна. За нега на раце може да користите и посилни креми.


Не заборавајте и на вашите стапала, ако сте облечени во топли чорапи цел ден, а можеби и цела ноќ во зависност од тоа колку е студено, значи дека им треба малку дополнителна нега. Одберете лосион кој содржи вазелин или глицерин за максимална навлажнување.


Централното греење го прави вашиот дом многу пријатен, но исто така го суши воздухот. Навлажнувачот може да ви помогне да го одржите воздухот во вашиот дом влажен за да можете да се загреете без да ја исуши вашата кожа. Топол пијалок е секогаш добар начин да останете топли и хидрирани, но зошто да не и дадете поттик на вашата кожа со тоа што ќе пиете повеќе чај од камилица, зелен чај или ројбос кои содржат состојки кои се значајни за смирување на иритираната кожа.


Топлата бања може да изгледа како одлична идеја, но колку е потопла водата, толку повеќе ја разградува липидната бариера на вашата кожа. Придржувајте се до топлите бањи и ако вашата кожа стане сува и чеша, додадете овес, зошто мастите содржани во овесот помагаат да се обезбеди заштитна бариера, а овесните протеини се добри за здравјето на кожата. Овесот ставете го во кесичка од муслин или газа и ставете го во кадата како кесичка за чај. Ова ќе им овозможи на овесните зрна да се измешаат со водата, истовремено нема да се извалка бањата потоа.


Кога сме кај бањите, тврдата вода може да ја исуши вашата кожа бидејќи калциум карбонатот ги апсорбира маслата и ја разградува заштитната бариера на вашата кожа. Ако живеете во област со тврда вода, можете да помогнете да се спречи тоа со инсталирање на омекнувач на вода од програмата нa BWT. Преку процесот на размена на јони, калциум карбонатот се отстранува оставајќи прекрасна омекната вода, како дополнителен бонус ова исто така ќе помогне да се спречи бигорот на вашите чешми што го олеснува чистењето.


Ако вашата кожа е сè уште сува и/или чеша, консултирајте се со вашиот лекар бидејќи има голем број на кожни состојби како егзема кои бараат специјалистички третман.

И пијте доволно течности – филтрирана вода од чешма, совршено кафе или чај со третираната вода со BWT производите.


Извор: www.bwt.uk





15 views
bottom of page