top of page

Чиста и здрава вода за сите

,,Водата е движечка сила на сета природа“ - Леонардо Да Винчи


Правото на чиста и здрава вода е една од основните цели за Одржлив глобален развој и борба против климатските промени според Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени, која претставува примарен меѓународен и меѓувладин форум во врска со глобалниот одговор на климатските промени. Целта под број 6 предвидува да се обезбеди пристап до одржливо управување со вода и санитарни услови за сите.



Според овие поставени цели до 2030 година треба да се постигне универзален и еднаков пристап до безбедна вода за пиење за сите. До 2030 година да се постигне пристап до соодветни и еднакви хигиенски и санитарни услови за сите. До 2030 година треба да се подобри квалитетот на водата преку намалување на загадувањето, спречување на нелегално отстранување на отпад и минимизирање на ослободувањето на опасни хемикалии и материјали, преполовување на учеството на непречистени отпадни води и значително зголемување на рециклирањето и безбедната повторна употреба на глобално ниво. Под целта број 6 до 2030 година треба да се зголеми ефикасноста во употребата на вода во сите сектори, да се осигураат одржливи извори на вода и да се намали бројот на луѓе кои страдаат од недостиг на вода. Покрај јакнење на капацитетите и зајакнатата соработка на властите на сите нивоа локално, регионално и прекугранично, целите за одржлив развој на ОН предвидуваат заштита и обнова на екосистемите поврзани со водата, да се развијат активностите и програмите на сите нивоа поврзани со вода и санитарни услови и тоа вклучувајќи собирање на вода, десалинизација, ефикасност на системите за водоснабдување, третман на отпадни води, рециклирање и технологии за повторна употреба.


Водата во BWT, Best Water Technologies е главен фокус и инспирација за креирање на производи за и во врска со водата. Свесни сме дека обезбедувањето вода во доволна количина и потребниот квалитет е глобален предизвик на 21 век, без разлика дали е во еколошка, социјална, политичка или економска смисла.


Според предвидувањата на ООН, населението во светот ќе порасне на 9,6 милијарди во 2050 година. Денес, половина од човештвото живее во градовите, а се очекува до 2050 година овој број да се искачи до две третини. Најголем пораст има во земјите во развој, каде недостигот на вода е веќе реалност.



Поради зголемената потреба за храна, енергија и санитација, глобалната побарувачка на вода ќе се зголеми за приближно 55% до 2050 година. Најдрастичен пораст ќе биде забележан во индустријата (400%), производството на електрична енергија (140%) и домаќинствата (130%). Сепак, потрошувачката во земјоделството, за која во моментов е потребно најголемо учество на вода, опаѓа малку.


Приближно една четвртина од потребите за вода во светот во моментот се задоволува од подземните води. Сепак, постојаниот пад на снабдувањето со подземни води значи дека во 2050 година над 40% од светската популација ќе живее во области каде што водата недостига.


BWT се соочува со сите овие предизвици како глобална компанија. Затоа мисијата на BWT е да развие начини и продукти за зачувување на ресурсите, одржливи производи и услуги кои ја третираат постојната вода за да ја снабдат со најдобар можен квалитет. Исто така, BWT создава решенија со кои постојните водни ресурси стануваат достапни онаму каде што е потребна чиста вода за пиење и санитет. Професионалниот третман на вода на BWT ја претвора контаминираната вода во висококвалитетна вода за пиење, преработена вода или дури и прочистена вода, во зависност од потребата.


Грижата за здрава и чиста вода е наша мисија, задача, наша работа, а решенијата кои ги нудиме за третман на води во вашиот дом или бизнис придонесуваат за заштита на најскапоцениот ресурс и ви овозможуваат здрава и чиста вода во секојдневното живеење.


Извори на информации: https://sdgs.un.org/goals, www.bwt.com

136 views
bottom of page