top of page

Во поддршка на Movember - Ја јакнеме свесноста за заштита на машкото здравје

Во 2003 година започнува да се слави Мовембер – односно ноември како месец за јакнење на свесноста за машкото здравје, пред сѐ ракот на простатата. Овој месец многу мажи ширум светот пуштаат и носат мустаќи како симбол за потребата од превенција на рак на простата. Редовните превентивни прегледи и правилната исхрана се клучни фактори за заштита. Овој ноември блогот го посветуваме на машкото здравје.

Што е простата?

Простата е жлезда која е лоцирана под мочниот меур и пред ректумот. Нејзината функција се состои во производство на течност која ја храни и пренесува семиналната течност. Ракот на простата настанува кога клетките кои го градат ѕидот на истата почнуваат абнормално да растат. Ракот на простата е малигно заболување.


Заштита преку превентивни прегледи

Ка­ко и кај си­те ма­лиг­ни бо­ле­сти, во пр­ва­та фа­за не­ма мно­гу јас­ни зна­ци кои ра­но се ја­ву­ва­ат и кои мо­же да го пре­ду­пре­дат па­ци­ен­тот. Ра­ни зна­ци на рак на про­ста­та не­ма. За­тоа тре­ба да се пра­ви ехо-прег­лед. По­сто­јат два на­чи­ни кои ме­ди­цин­ски се пре­по­ра­ча­ни – пре­ку фи­зич­ки прег­лед кај уро­лог и пре­ку ту­мор мар­ке­ри (ПСА) да се утвр­ди да­ли евен­ту­ал­но по­сто­јат одре­де­ни про­це­си кои мо­же да асо­ци­ра­ат на ма­лиг­но за­бо­лу­ва­ње. Не­ка­де во 40-та­та го­ди­на од жи­во­тот е по­треб­но се­кој маж да на­пра­ви ба­зич­но или ини­ци­јал­но ме­ре­ње на ПСАза да се утвр­ди ко­ја е мо­мен­тал­на­та вред­ност на ПСА, за по­доц­на, ко­га по­втор­но ќе се ме­ри, пос­ле 10 или 15 го­ди­ни, да се ви­ди да­ли по­стои не­кој тренд, да­ли има зго­ле­му­ва­ње или има ста­бил­на вред­ност.

Се­пак, важ­но е да се зна­ат и симп­то­ми­те. Не­ма спе­ци­фич­ни симп­то­ми кои ќе алу­ди­ра­ат са­мо на рак на про­ста­та. Во симп­то­ми спа­ѓа­ат зго­ле­ме­на по­тре­ба за мо­кре­ње, осо­бе­но на­ве­чер, проб­лем со из­мо­кру­ва­ње­то, па­ци­ен­тот има чув­ство де­ка не мо­же да го до­вр­ши мо­кре­ње­то, бол­ки во кар­лич­ни­от дел, проб­ле­ми со ерек­ци­ја, со еја­ку­ла­ци­ја. Се­то тоа се нес­пе­ци­фич­ни симп­то­ми кои би тре­ба­ло да го на­те­ра­ат чо­ве­кот да оти­де на ле­кар и да на­пра­ви прег­лед.


Храната како превенција

За сре­ќа, мно­гу на­уч­ни сту­дии, пред сѐ, епи­де­ми­о­ло­шки, по­ка­жу­ва­ат де­ка ис­хра­на­та има свое дејс­тво и при спре­чу­ва­ње­то да не дој­де до раз­вој на рак на про­ста­та, но и кај те­ра­пи­ја­та. Од ас­пект на спре­чу­ва­ње­то, утврдено е де­ка ли­ко­пе­нот, кој го има во до­ма­ти­те, има мно­гу сил­но за­штит­но дејс­тво. Од дру­га стра­на, пак, студиите покажуваат дека хра­на со мно­гу ви­сок про­цент на кал­ци­ум, ка­ко си­ре­ње, за­си­те­ни ма­сти и слич­ни ви­до­ви хра­на, мо­же да при­до­не­се да се зго­ле­ми ри­зи­кот и да се по­ја­ви рак на про­ста­та. Пре­по­ра­ки­те кај па­ци­ен­ти кај кои ве­ќе се по­ја­вил рак на про­ста­та се да се упо­тре­бу­ва кол­ку што е мож­но по­ве­ќе хра­на од рас­ти­тел­но по­тек­ло, да се на­ма­ли вне­су­ва­ње­то ма­сти, осо­бе­но на за­си­те­ни, и тоа до ми­ни­мум. Ту­ка се по­драз­би­ра ме­со, мле­ко и млеч­ни про­из­во­ди. Исто та­ка, мо­ра да се на­ма­ли вне­сот на ра­фи­ни­ра­ни ше­ќе­ри и ра­фи­ни­ра­но браш­но. Се­то тоа да би­де под­др­жа­но со до­бар внес на теч­но­сти и со ре­дов­на фи­зич­ка актив­ност.


Здрава храна и повеќе вода за намалување на симптомите при заболувања на простатата

За здрава простата нутриционистите препорачуваат двапати неделно консумација на риба богата со омега 3 масти, органска соја и производи богати со фитоестрогени за намалување на производството на тестостерон. Како клучен продукт во превенцијата и намалување на симптомите на заболување на простатата е доматот богат со ликопен – како свеж, сос или сок од домати. Покрај тоа препорачливо е да се консумираат јадења од коприва, свеж лук, ореви и бадеми. Потребна е и храна богата со цинк, а клучно е да се пијат и по 8 чаши вода на ден. Важно е да внимавате да пиете вода која е здрава, хигиенска, проточна, вода која не стои долго време во пластични шишиња.


Препорака од CleanWater.mk

Ние, ноември го посветуваме на прочистена и филтрирана вода збогатена со минерали, за машкото здравје и за појак имунитет – препорачуваме вода збогатена со цинк едноставно и лесно со бокалите за филтрација на BWT https://www.cleanwater.mk/bokali .

Извор на информации:


28 views
bottom of page